Со особена гордост споделуваме уште еден значаен успех за ООУ „Тошо Велков – Пепето“ – Кавадарци! ![]()
Денес директорот Диме Мукаетов официјално го потпиша договорот за грант со Министерството за образование и наука, во рамки на , поддржан од Светска банка.
Проектот, подготвен и координиран од наставникот советник Зорица Милкова, ќе овозможи нашето училиште да биде дел од пилот-училиштата што ќе ја имплементираат Проширената програма за учениците од второ и трето одделение. Со грантот ќе создадеме подобри услови за учење, творење, истражување и развој на нашите ученици.
Благодарност до МОН, Светска банка и тимот на МЦГО за довербата и поддршката. Пред нас е одговорна, но и прекрасна работа!
