Мисија

МИСИЈА  НА УЧИЛИШТЕТО

Основното   училиште  е установа каде се воспитува и образува  младата популација .

Мисија на  нашето  училиште е : Училиште со едуциран кадар кој има позитивен однос кон работата, во кое преку квалитетна и современа настава се образуваат ученици кои стекнатите знаења можат да ги применат  во секојдневниот живот и кои се воспитуваат во духот на соработка, толеранција и почитување на сите етнички заедници.

Основното МОТО на училиштето е:СОНЦЕТО ГРЕЕ ПОДЕДНАКВО ЗА СИТЕ .

ВИЗИЈА  НА УЧИЛИШТЕТО

Модерно и современо училиште со позитивна клима за работа и меѓусебно почитување, кое создава успешни, хумани, чесни и креативни граѓани коишто придонесуваат за развој на општеството, подготвени за соработка и соживот со другите етнички заедници, без стереотипи и предрасуди.

Визијата е достижна затоа што вработените имаат доверба во  училишниот менаџмент.