еТвининг плакета во нашето училиште

📅 9-ти октомври 2023 година, Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, зедно со претставници од истата, беа во посета на ООУ “Тошо Велков – Пепето”-Кавадарци на покана на истоименото училиште на настан “Промоција на еТвининг училиште

🎉Главниот акцент на овој настан беше поставен на презентирање на успесите на училиштето во еТвининг проектите и на официјалното добивање на еТвининг ознаката за училиште, на која ова училиште е особено гордо .
🇲🇰ООУ “Тошо Велков – Пепето” е едно од 24-те училишта во Македонија кои ја освоија оваа престижна ознака. Тоа претставува доказ дека овие училишта се на исто ниво со другите европски училишта и дека нивното активно учество во проекти и развивањето на нови иновативни практики се потврдени и високо оценети на европско ниво.

ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА ОБРАЗОВНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Основно училиште со ресурен центар „МАЦА ОВЧАРОВА“ Велес

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА ОБРАЗОВНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Врз основа на член 19 став 1 од Законот за основно образование за поддршка на учењето за учениците со попреченост училиштето обезбедува образовни асистенти. Образовните асистенти учествуваат во наставата на различни начини, секогаш под супервизија на наставникот, за да се подобри процесот на учење. Тие ја фасилитираат групната работа со сите учениците во одделението, повремено работат индивидуално со одредени ученици на зајакнување на нивните вештини, помагаат во менаџирање на училницата. Целта на поддршката што ја даваат образовните асистенти е преку соработка со наставниците и со примена на методите на кооперативно учење и поучување да им помогнат на учениците со попреченост да учествуваат во воспитно-образовниот процес, максимално да ги реализираат своите потенцијали, да стекнат самостојност и социјална вклученост во училишната средина.

Согласно новите надлежности училиштата со ресурсен центар ја обезбедуваат  услугата  образовна асистенција за учениците со попреченост кои добиле препорака за истото од Комисијата за функционална проценка за општините кои согласно Решението за реонизација за соработка на општинските основни училишта со основните училишта со ресурсен центар бр.12-1861/1 од 02.02.2021им се утврдени како реони за соработка и обезбедување на поддршка.

Од овие причини Основно училиште со ресурен центар „МАЦА ОВЧАРОВА“ Велесги повикува сите заинтересирани кандидати/ки  од општините Чашка, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Неготино, Градско, Велес, Лозово, Свети Николе, Карбинци, Штип, Пробиштип кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса:

ПОУ „Маца Овчарова“-Велес,  ул„Кресненско востание“ бр.4, Велес или

по електронски пат на poumacaovcarova@yahoo.com

со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент

Кон барањето потребно е да се достави писмо со намери зошто кандидатот/ка се пријавува на повикот, задолжително се доставува кратка биографија (CV), и доколку кандидатот/ка веќе обезбедува образовна асистенција на ученик/ученичка да се наведе името на училиштето, одделението на ученикот/ученичката и со задолжителна претходна согласност на родителот/старателот  име и презиме на ученикот/ученичката.

На Јавниот повик за изразување на интерес право на пријавување имаат сите кандидати/ки кои ги исполнуваат условите пропишани со Правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот и личниот асистент бр.18/-13724/2 од 2.12.2020 година и Правилникот за изменување на правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот и личниот асистент бр. 18-8691/1 8.6.2021, односно специјален едукатор и рехабилитатор, психолог, педагог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено VII/1 степенте.VI/Aспоред македонската рамка за квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС), односно наставник по предметна настава (VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС).

Кандидати кои ги исполнуваат условите наведени погоре, ќе добијат можност да посетуваат основна обука за образовна асистенција и понатаму да се вработат како образовни асистенти во рамките на ПОУ„Маца Овчарова„- Велес.

За регионот кој го покрива ПОУ Маца Овчарова Велсе согласно потребите предвидени се 80 образовни асистенти за учебната 2021/2022 година

За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 043/231-987 или на моб. 070 727 027

Времетраењето на Јавниот оглас за изразување интерес за обезбедување на услугата за лична помош е 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето (28.06.2021-02.07.2021)

Основно училиште со ресурсен центар „Маца Овчарова“ Велес

Директор

Мирјана Дамњановиќ

Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада ЈММО 2021

Ученичката Мартина Трендафилова учествуваше на Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада ЈММО 2021 која се одржа на 08.06. 2021 во просториите на ПМФ Скопје и постигна одличен резултат-доби БРОНЗЕН МЕДАЛ.Честитки!!!

Предавање од областа на сообраќајот на учениците од прво одделение

Денес 28.5.2021 година (петок) во нашето училиште од страна на претставници од РСБСП ОСБСП и инспекторот за превенција по сообраќајни работи од полициска станица Кавадарци имаше предавање од областа на сообраќајот на учениците од прво одделение. Децата беа запознати со основните правила и прописи, поминување на пешачки, на семафор, гледање лево и десно пред да се помине улицата.