Мировниот Корпус на САД

Директорот на нашето училиште, Диме Мукаетов, заедно со наставникот Ристе Матаков, присуствуваа на свечената церемонија на давање заклетва на 48 нови волонтери од . Овој значаен настан претставува продолжување на долгогодишната и успешна соработка меѓу волонтерите и образовните институции во нашата земја.
Имавме особена чест на настанот да бидеме заедно со министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, министерот за локална самоуправа Златко Пирински и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, чиј ангажман го истакна значењето на соработката во образованието и меѓународните партнерства.
Ни претставува задоволство што ООУ „Тошо Велков – Пепето“ беше горд домаќин на дел од идните волонтери. Нашето училиште со радост ги отвори вратите и им овозможи да ја запознаат средината, духот на заедништво и вредностите кои секојдневно ги негуваме.
Во оваа прилика благодарност упатуваме и до Локалната самоуправа при Општина Кавадарци за укажаната доверба и континуираната поддршка во реализацијата на вакви значајни активности.
Им посакуваме на новите волонтери успешна, исполнета и инспиративна мисија!

Државното првенство во стрелање

На Државното првенство во стрелање, одржано во Скопје, нашиот ученик Митко Илиев оствари одличен резултат и го освои второто место во машка конкуренција. Му упатуваме искрени честитки за постигнатиот успех и му посакуваме уште многу спортски победи!

Едукација и предавање од областа на почитување на сообраќајните правила и прописи

На ден 01.12.2025 година во ООУ Тошо Велков Пепето во соработка со Бирото за развој на образованието, од страна на членови на ОСБСП Кавадарци ,се изврши едукација и предавање од областа на почитување на сообраќајните правила и прописи.
Тема на едукацијата беше човекот како фактор за безбедноста во сообраќајот на патиштата,Основни сообраќајни правила и прописи, ризици за пешаци велосипедисти и возачи на тротинети и правила за носење на безбедносна опрема.Од наша страна на присутните ученици од 7 одделение им беа поделени брошури и флаери со едукативна и превентивна содржина.Ќе продолжиме со едукација и на други предвидени теми од страна на БРО.

Правилникот за начинот за пријавување и заштита на ученик – жртва на која било форма на насилство, злоупотреба и занемарување

Согласно „Правилникот за начинот за пријавување и заштита на ученик – жртва на која било форма на насилство, злоупотреба и занемарување“ донесен од МОН, со кој се уредува начинот на постапување при случаи на насилство, злоупотреба и занемарување на ученици во основното училиште, како и механизмите за нивно навремено пријавување и соодветна заштита на ученикот кој е засегнат, во училиштето е донесен интерен акт „Протокол за постапување на училиштата во ситуации на насилство“. Со овој протокол се уредуваат начинот на однесување на училиштето , мерките за заштита и превенција од насилство, како и одговорностите на вработените, учениците, родителите/старателите и сите други фактори во спречување и заштита од насилство.

Воедно во училиштето е определено КОНТАКТ – ЛИЦЕ ( психолог Верџинија Стојкова) за пријавување насилство и негов заменик (наставник Милкица Гркова) со кој може да се оствари комуникација на тел.070 324 314 или на е – маил адресата dzina_s@yahoo.com

Во прилог се дадени Правилникот и Протоколот на училиштето.

еТвининг плакета во нашето училиште

📅 9-ти октомври 2023 година, Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, зедно со претставници од истата, беа во посета на ООУ “Тошо Велков – Пепето”-Кавадарци на покана на истоименото училиште на настан “Промоција на еТвининг училиште

🎉Главниот акцент на овој настан беше поставен на презентирање на успесите на училиштето во еТвининг проектите и на официјалното добивање на еТвининг ознаката за училиште, на која ова училиште е особено гордо .
🇲🇰ООУ “Тошо Велков – Пепето” е едно од 24-те училишта во Македонија кои ја освоија оваа престижна ознака. Тоа претставува доказ дека овие училишта се на исто ниво со другите европски училишта и дека нивното активно учество во проекти и развивањето на нови иновативни практики се потврдени и високо оценети на европско ниво.

ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА ОБРАЗОВНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Основно училиште со ресурен центар „МАЦА ОВЧАРОВА“ Велес

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА ОБРАЗОВНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Врз основа на член 19 став 1 од Законот за основно образование за поддршка на учењето за учениците со попреченост училиштето обезбедува образовни асистенти. Образовните асистенти учествуваат во наставата на различни начини, секогаш под супервизија на наставникот, за да се подобри процесот на учење. Тие ја фасилитираат групната работа со сите учениците во одделението, повремено работат индивидуално со одредени ученици на зајакнување на нивните вештини, помагаат во менаџирање на училницата. Целта на поддршката што ја даваат образовните асистенти е преку соработка со наставниците и со примена на методите на кооперативно учење и поучување да им помогнат на учениците со попреченост да учествуваат во воспитно-образовниот процес, максимално да ги реализираат своите потенцијали, да стекнат самостојност и социјална вклученост во училишната средина.

Согласно новите надлежности училиштата со ресурсен центар ја обезбедуваат  услугата  образовна асистенција за учениците со попреченост кои добиле препорака за истото од Комисијата за функционална проценка за општините кои согласно Решението за реонизација за соработка на општинските основни училишта со основните училишта со ресурсен центар бр.12-1861/1 од 02.02.2021им се утврдени како реони за соработка и обезбедување на поддршка.

Од овие причини Основно училиште со ресурен центар „МАЦА ОВЧАРОВА“ Велесги повикува сите заинтересирани кандидати/ки  од општините Чашка, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Неготино, Градско, Велес, Лозово, Свети Николе, Карбинци, Штип, Пробиштип кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса:

ПОУ „Маца Овчарова“-Велес,  ул„Кресненско востание“ бр.4, Велес или

по електронски пат на poumacaovcarova@yahoo.com

со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент

Кон барањето потребно е да се достави писмо со намери зошто кандидатот/ка се пријавува на повикот, задолжително се доставува кратка биографија (CV), и доколку кандидатот/ка веќе обезбедува образовна асистенција на ученик/ученичка да се наведе името на училиштето, одделението на ученикот/ученичката и со задолжителна претходна согласност на родителот/старателот  име и презиме на ученикот/ученичката.

На Јавниот повик за изразување на интерес право на пријавување имаат сите кандидати/ки кои ги исполнуваат условите пропишани со Правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот и личниот асистент бр.18/-13724/2 од 2.12.2020 година и Правилникот за изменување на правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот и личниот асистент бр. 18-8691/1 8.6.2021, односно специјален едукатор и рехабилитатор, психолог, педагог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено VII/1 степенте.VI/Aспоред македонската рамка за квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС), односно наставник по предметна настава (VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС).

Кандидати кои ги исполнуваат условите наведени погоре, ќе добијат можност да посетуваат основна обука за образовна асистенција и понатаму да се вработат како образовни асистенти во рамките на ПОУ„Маца Овчарова„- Велес.

За регионот кој го покрива ПОУ Маца Овчарова Велсе согласно потребите предвидени се 80 образовни асистенти за учебната 2021/2022 година

За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 043/231-987 или на моб. 070 727 027

Времетраењето на Јавниот оглас за изразување интерес за обезбедување на услугата за лична помош е 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето (28.06.2021-02.07.2021)

Основно училиште со ресурсен центар „Маца Овчарова“ Велес

Директор

Мирјана Дамњановиќ