Тиквешки гроздобер 2016

14212601_614641008710447_5269609400838817024_nУспешно учество на училиштето на манифестацијата Тиквешки гроздобер 2016 кој традиционално се организира секоја година во Кавадарци.
Традицијата и карактеристиките на овој регион беше тема и на поставката со која нашето училиште се престави на свеченото дефиле – МУЗИКА И ВИНО, а Кралицата на водите, Кожуфчанка, претставена преку нашите учесници, исто така беше дел од поставката на училиштето како значаен дел од Кавадаречкиот посебност.
Не треба да ги заборавиме и нашите помали ученици кои беа дел од Детскиот карневал и кои со успешните и живописни маски ги привлекоа погледите на многубројните присутни.

Коалиција на младински организации СЕГА објавува ПОВИК ЗА УЧЕСТВО на ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ДЕТСКОТО СЕЛО ПЕСТАЛОЦИ Троген, Швајцарија

Период на размена: 21.09.2016 – 05.10.2016

Датум на поаѓање: 20.09.2016

Датум на враќање: 06.10.2016

Проект: “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија”

Цел: Учесниците ќе се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.

Одговорности по завршување на интеркултурната размена: Задолжителна вклученост на учесниците во имплементација на активности од акционите планови креирани за време на размената а се директно поврзани со активностите во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија”.

Финансиско учество на учесниците за размената: 4.650,00 МКД.

Критериуми за учество:

  • Година на раѓање: 2002/2003
  • Предност ќе имаат учениците вклучени во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија” (вклученост во моделот Дете правобранител и/или Ученичка организација)
  • Валидна патна исправа (пасош) со рок на важност не порано од 03.2017 година
  • Кандидати/ки кои не учествувале претходно на Интеркултурна размена во Детското село Песталоци
  • Предност при изборот ќе имаат кандидати/ки од ранливи категории (ученици кои живеат во рурални средини, припадници на различни етнички групи, деца од семејства со пониски приходи, итн.)

Сите заинтересирани ученици, може да се пријават на веб страната на Коалиција СЕГА www.sega.org.mk  најдоцна до 15.08.2016 година. Потенцијалните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју во периодот 15.08.-01.09.2016 година.

Доколку имате прашања или потреба од дополнителни информации

обратете се кај одговорниот наставник Ристе Матаков или на е-маил aplikacija@sega.org.mk.

Со пригодна свеченост, основното училиште „Тошо Велков – Пепето“ од Кавадарци го одбележа својот патронен празник.

13230333_568058256702056_2280764527991679264_n

Со пригодна свеченост, основното училиште „Тошо Велков – Пепето“ од Кавадарци го одбележа својот патронен празник.

Празнувањето започна со положување на цвеќе на бистата на Тошо Велков – Пепето лоцирана во Алејата на славните, меѓу кои и од страна на директорката на училиштето Ѓурѓица Алексова, вработените, учениците и претставниците од Локалната самоуправа.

Прославата на патрониот празник продолжи во училишниот хол каде беше организирана и културно-уметничка програма на која беа прогласени и првенците на генерацијата за учебната 2015/2016 год. Првенците Елена Спирова, Стефанија Николова и Ненад Петрески им се обратија на сите присутни, заблагодарувајќи им се пред се на своите наставници за несебичното споделување на своето знаење. За постигнатиот успех, на тројцата ученици директорката Алексова им врачи пригодни подароци нагласувајќи дека се гордеат со нивниот успех, и дека тоа е само уште еден поттик за продолжување кон успехот.

Фондот на талентирани ученици кој во училиштето постои веќе две години и во кој членуваат претставници на бизнис секторот, меѓу кои и од компаниите „Кожувчанка“, „МИ Комерц“ и „Фото Фуџи“ и оваа година ги наградија најдобрите и најталентираните ученици. Првенците беа наградени со таблети, а не беа заборавени и другите талентирани ученици кои исто така добија пригодни награди.

Дел од активностите во нашето училиште по повод 22-ри Април –Денот на планетата Земја ,садење на семиња од проектот Садница +,еко перформанси на Градскиот плоштад и делење на флаери за заштита на шумите и околината на Градскиот пазар во соработка со Еколошкото друштво Еко живот.

13043246_556645894509959_2114687976182496148_n

По повод Денот на шегата-1 Април денеска се одржа традиционалната „Априлијада“. Децата од нашето училиште продефилираа во шарени костими и маски со ликови од бајките и цртаните филмови, кои ги изработија во соработка со своите наставници и родители.Голема благодарност и до Директорката Ѓурѓица Алексова која даде свој придонес за одржување на денешната весела и шарена манифестација, посветена на Денот на шегата.

12928385_547911988716683_8271420245475089990_n

Дечињата од детската градинка ,, Детелинка” во посета на час по физичко и здравствено образование во ООУ,,Тошо Велков -Пепето”. Учениците од ова училиште заедно со наставничката и најмалите од детската градинка спроведоа спортски активности со помош на спортските реквизити.

12670838_548871905287358_2293065771824396645_n

Интервју со Ѓурѓица Алексова директор на основно училиште: Формиравме “Фонд за надарени ученици” преку кои ги наградуваме најдобрите ученици

Основното училиште „Тошо Велков-Пепето“ се наоѓа во Кавадарци. Во ова училиште учениците растат во креативна атмосфера во која учат да бидат љубопитни за светот околу нив. Разговаравме со директорката на училиштето, Ѓурѓица Алексова.

IMG_5874Факултети: Што ја прави работата со децата деликатна? Како се соочувате со предизвиците?

Ѓурѓица Алексова: Она што ја прави работата со децата деликатна е токму предизвикот училиштето да влијае на правилен начин врз интелектуалниот, емоционалниот и социјалниот развој на децата. Во училиштето учениците треба да усвојуваат и стекнуваат знаења, но и искуства и вештини во социо – емоционалното и психомоторното подрачје кои ќе им обезбедат правилен развој и подршка на физичкото и менталното здравје. И најмала грешка во воспитно – образовниот процес може негативно да влијае врз целосниот развој на личноста на ученикот. Токму тоа ја прави работата со децата деликатна.

Училиштето треба да ја јакне самодовербата на ученикот, да ја поттикне свеста за сопствената индивидуалност, но и одговорноста за своите постапки, да ги развие креативноста, толеранцијата, соработката, културните и цивилизациските вредности, унапредување на здравиот начин на живеење… Основното училиште треба да ги охрабрува учениците да ја откриваат својата посебност, но и активно да се подготвуваат за одговорен живот во демократско граѓанско општество. Сето тоа е предизвик пред кој стоиме сите ние како чинители во воспитно – образовниот процес.

За мене како личност секој предизвик претставува мотивација, а во овој случај она што ме води е љубовта кон децата, вербата дека секое дете е посебна и крие во себе нешто на кое мора да му се даде можност да се развие. Ние сме моделатори на личноста кои вешто ги комбинираат деловите на стекнатото воспитување, усвоените навики и знаења, културното наследство, креативноста и талентот кое секое дете ги носи во себе. Но само во вештите раце на вистински мајстор ќе може тоа да се преточи во уметничко дело кое ја красат една воспитана, образована и успешна личност.

Факултети: Сите растеме обликувани од средината околу нас. Во каква средина би сакале да растат учениците во ООУ„Тошо Велков – Пепето“ ?

Ѓурѓица Алексова: Креативна, стимулирачка средина, каде се поттикнува љубопитноста на учениците и мотивацијата за учење, преку современа, активна и индивидуализирана настава, каде се води поголема грижа за интересот на секој ученик, како и специфичностите карактерични за одделните развојни периоди низ кои поминуваат учениците. Средина која ги нуди најдобрите услови за престој и учење, во која ученикот е во центарот на вниманието и се почитува принципот на „најдобар интерес на детето“ односно средина каде сите возрасни учесници во воспитно – образовниот процес во начинот на реализација на своите активности и своето однесување, при донесување на одлуки, секогаш да го имаат во предвид најдобриот интерес на учениците.

Факултети: Како ги инспирирате учениците да напредуваат?

Ѓурѓица Алексова: Во училиштето во текот на изминатата учебна година беше спроведена иницијативата и формиран „Фонд за надарени ученици“ преку кој се пофалуваат и наградуваат учениците кои постигнуваат солидни резултати на одредени конкурси и натпревари, а чија цел е токму поттикнување на учениците за постигнување на подобри резултати, развивање на натпреварувачкиот дух и мотивирање на останатите ученици да го следат примерот на наградените ученици.

Почесто користење на „Правилникот на пофалби и награди на учениците“ во училиштето, бидејќи лично сметам дека пофалбата, а не казната повеќе влијае и мотивира.

Напредувањето на учениците е поврзано и со мотивацијата за учење. Користење и развивање на модели на оценување што ја подобруваат објективноста преку согледување на напредувањето на знаењето, кое пак влијае на внатрешната мотивација на учениците за учење, е исто така многу значајно. Затоа во училиштето наставниците ги насочувам кон употреба на овие модели на оценување.

Факултети: А како наставниците?

Ѓурѓица Алексова: Позитивната клима за работа, учеството во одлучувањето по одредени прашања значајни за работата на училиштето, како и можноста за континуиран професионален развој на наставниците, се моите методи и начини на инспирација.

Подобрените услови за работа преку реновирање на училиштето, набавка на современи наставни средства и помагала потребни за една современа и модерна настава, мислам дека исто така инспирирачки делуваат.

Поттикнување на креативноста преку јакнење на нивната иницијативност и довербата во сопствените потенцијали и способности, преку делегирање на одредени задачи, само по себе е поттик за подобри резултати и напредување на наставниците.

Факултети: Кои се вашите планови и цели за иднина?

Ѓурѓица Алексова: Остварување на визијата и мисијата на училиштето односно создавање на модерно и современо училиште со позитивна клима за работа и меѓусебно почитување, кое создава успешни, хумани , чесни и креативни граѓани кој што придонесуваат за развој на општеството се моите приоритетни цели.

Тука би сакала да напоменам дека јас во ова училиште пред да дојдам на позицијата Директор, 13 години работев како наставник по Музичко образование што значи дека сум пред се уметник, кој секогаш и од секоја позиција работата ја гледа како поле на уметничко творење и креативност. Затоа моите цели секогаш се насочени кон напредување на училиштето преку поттикнување и остварување на таа креативност (како кај себе така и кај наставниците), а во насока на нешто ново и оригинално. Тоа ме води и во моите планови за иднина, кои секако се насочени кон подобрување на условите за работа и учење, каде секогаш во центарот на вниманието се учениците,а во насока на градење европско модерно училиште.

 

Во пазувите на планината Кожуф ,во одмаралиштето Михајлово се реализирани активности од учениците во Училишниот спортски клуб ,,Тошо Велков – Пепето” и нивните ментори.Учениците заедно се дружеа преку многубројни игри во шах,кошарка,фудбал,пешачење и сл.

12801585_542872732553942_1203891717107124829_n