Период на размена: 21.09.2016 – 05.10.2016
Датум на поаѓање: 20.09.2016
Датум на враќање: 06.10.2016
Проект: “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија”
Цел: Учесниците ќе се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.
Одговорности по завршување на интеркултурната размена: Задолжителна вклученост на учесниците во имплементација на активности од акционите планови креирани за време на размената а се директно поврзани со активностите во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија”.
Финансиско учество на учесниците за размената: 4.650,00 МКД.
Критериуми за учество:
- Година на раѓање: 2002/2003
- Предност ќе имаат учениците вклучени во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија” (вклученост во моделот Дете правобранител и/или Ученичка организација)
- Валидна патна исправа (пасош) со рок на важност не порано од 03.2017 година
- Кандидати/ки кои не учествувале претходно на Интеркултурна размена во Детското село Песталоци
- Предност при изборот ќе имаат кандидати/ки од ранливи категории (ученици кои живеат во рурални средини, припадници на различни етнички групи, деца од семејства со пониски приходи, итн.)
Сите заинтересирани ученици, може да се пријават на веб страната на Коалиција СЕГА www.sega.org.mk најдоцна до 15.08.2016 година. Потенцијалните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју во периодот 15.08.-01.09.2016 година.
Доколку имате прашања или потреба од дополнителни информации
обратете се кај одговорниот наставник Ристе Матаков или на е-маил aplikacija@sega.org.mk.