Ученикот е секогаш во центарот на вниманието, тоа е главна мисија во ова училиште, како и почитување на неговата индивидуалност.
Стручните соработници и наставничкиот кадар во нашето училиште секојдневно ги поттикнуваат креативноста, индивидуалноста, толеранцијата, соработката, културните и цивилизациските вредности, формирањето на моралните вредности и го унапредуваат здравиот начин на живеење…
Основното училиште треба да ги охрабрува учениците да ја откриваат својата посебност, но и активно да се подготвуваат за одговорен живот во демократско граѓанско општество. Сето тоа е предизвик пред кој стоиме сите ние како чинители во воспитно – образовниот процес. Ние сме моделатори на личноста кои вешто ги комбинираат деловите на стекнатото воспитување, усвоените навики и знаења, но само во вештите раце на вистински мајстор ќе може тоа да се преточи во уметничко дело кое ја красат една воспитана, образована и успешна личност.
За остварување на овие цели во училиштето успешно се реализираат и голем број проекти како проектот „Со читање до лидерство“ , „Меѓуетничка интеграција во македонскиот образовен систем“, „Дете правобранител“, „Вештини на адолесценција“ „Социоемоционални вештини за подобри образовни резултати“ „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ и др. кои го подобруваат квалитетот на наставата и придонесуваат за усвојување на голем број вештини и знаења кај учениците.
За ангажираноста и посветеноста на наставниците и учениците говорат бројните награди и признанија на општински, регионални, државни па и меѓународни натпревари.
ДИРЕКТОР, Сашко Пановски