Со пригодна свеченост, основното училиште „Тошо Велков – Пепето“ од Кавадарци го одбележа својот патронен празник.

13230333_568058256702056_2280764527991679264_n

Со пригодна свеченост, основното училиште „Тошо Велков – Пепето“ од Кавадарци го одбележа својот патронен празник.

Празнувањето започна со положување на цвеќе на бистата на Тошо Велков – Пепето лоцирана во Алејата на славните, меѓу кои и од страна на директорката на училиштето Ѓурѓица Алексова, вработените, учениците и претставниците од Локалната самоуправа.

Прославата на патрониот празник продолжи во училишниот хол каде беше организирана и културно-уметничка програма на која беа прогласени и првенците на генерацијата за учебната 2015/2016 год. Првенците Елена Спирова, Стефанија Николова и Ненад Петрески им се обратија на сите присутни, заблагодарувајќи им се пред се на своите наставници за несебичното споделување на своето знаење. За постигнатиот успех, на тројцата ученици директорката Алексова им врачи пригодни подароци нагласувајќи дека се гордеат со нивниот успех, и дека тоа е само уште еден поттик за продолжување кон успехот.

Фондот на талентирани ученици кој во училиштето постои веќе две години и во кој членуваат претставници на бизнис секторот, меѓу кои и од компаниите „Кожувчанка“, „МИ Комерц“ и „Фото Фуџи“ и оваа година ги наградија најдобрите и најталентираните ученици. Првенците беа наградени со таблети, а не беа заборавени и другите талентирани ученици кои исто така добија пригодни награди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *