Честитка по повод патронатот на збратименото училиште Мирослав Антиќ од Ниш, Р. Србија

Почитувани пријатели, Поетот со својата дарба ги преобразува зборовите во орудие на убавината–создава мостови и премини меѓу различните култури.

Поезијата е универзален јазик со кој сите беспрекорно се разбираме,мост кој не поврзува сите.

А, нам почитувани пријатели не поврза заедничката цел-да создаваме генерации со кои ќе се гордееме.

Денес, вие празнувате ја чествувате неговата големина, поетот Мирослав Мика Антиќ кој со својата чувствителност и способност успева да навлезе толку длабоко во човековата душа.

А ние учениците заедно со вработените од ООУ “Тошо Велков Пепето” Кавадарци ви го честитаме патрониот празник со желби за понатамошна длабока соработка.

Или како што вели Антиќ „ Потпри го твоето време на моето. Вечноста подолго ќе вреди кога сме заедно“.

Просторот, растојанието меѓу нас е она што знаеме дека денес не чува безбедни.Но, истовремено не лишува и од допирот како насушна потреба за блискост.

Токму затоа тој простор ќе го исполниме со поезија, која ќе допре до секого, која ќе не допре сите. Срећан Дан школе!