ПРЕКРАСНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Второто полугодие за децата од продолжен престој започна со прекрасно изненадување – нови шкафчиња за весели детски насмевки.
Фондот за надарени ученици формиран од страна на Директорката на училиштето во кој се вклучени преставници од бизнис секторот, родители во училиштето, оваа година помогна во остварување на приоритетната цел – училиште по европски стандарди. Голема благодарност до Директорот на СЛОГА ПРОМ – Кавадарци и Виктори дизајн кои ја овозможија нивната изработка. Сега учениците кои се во продолжен престој ќе можат до крајот на неделата да ги остават своите ташни и школски прибор во новите шкафчиња.
Среќен почеток драги наши ученици!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *