Традицијата продолжува

Традицијата продолжува и оваа година,кршење на погачка со паричка за среќна и бериќетна година на вработените во нашето училиште!!!За многу години празникот Стара Нова година-Василица,здравје,успех и среќа од Директорката Ѓурѓица Алексова заедно со вработените!!!

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Согласно доставената предлог мерка од страна на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за продолжување на зимскиот распуст, а со цел спречување на опасноста од проширувањето на грипот, Министерството за образование и наука информира дека е донесена одлука првиот ден од второто полугодие на учебната 2016/2017 година, да започне на 23 јануари 2017 година.

Новата 2017год. е на прагот

Новата 2017год. е на прагот.Новогодишната празнична атмосфера се чувствува и во просториите на нашето училиште.Весели новогодишни песнички,насмеани детски лица,многубројни и задоволни родители се дел од новогодишната –хуманитарна приредба.Нека Новата 2017 година донесе здравје ,срека и успех се честитките од Директорката Ѓурѓица Алексова и вработените во училиштето!!!

Тиквешки гроздобер 2016

14212601_614641008710447_5269609400838817024_nУспешно учество на училиштето на манифестацијата Тиквешки гроздобер 2016 кој традиционално се организира секоја година во Кавадарци.
Традицијата и карактеристиките на овој регион беше тема и на поставката со која нашето училиште се престави на свеченото дефиле – МУЗИКА И ВИНО, а Кралицата на водите, Кожуфчанка, претставена преку нашите учесници, исто така беше дел од поставката на училиштето како значаен дел од Кавадаречкиот посебност.
Не треба да ги заборавиме и нашите помали ученици кои беа дел од Детскиот карневал и кои со успешните и живописни маски ги привлекоа погледите на многубројните присутни.

Коалиција на младински организации СЕГА објавува ПОВИК ЗА УЧЕСТВО на ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ДЕТСКОТО СЕЛО ПЕСТАЛОЦИ Троген, Швајцарија

Период на размена: 21.09.2016 – 05.10.2016

Датум на поаѓање: 20.09.2016

Датум на враќање: 06.10.2016

Проект: “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија”

Цел: Учесниците ќе се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.

Одговорности по завршување на интеркултурната размена: Задолжителна вклученост на учесниците во имплементација на активности од акционите планови креирани за време на размената а се директно поврзани со активностите во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија”.

Финансиско учество на учесниците за размената: 4.650,00 МКД.

Критериуми за учество:

  • Година на раѓање: 2002/2003
  • Предност ќе имаат учениците вклучени во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија” (вклученост во моделот Дете правобранител и/или Ученичка организација)
  • Валидна патна исправа (пасош) со рок на важност не порано од 03.2017 година
  • Кандидати/ки кои не учествувале претходно на Интеркултурна размена во Детското село Песталоци
  • Предност при изборот ќе имаат кандидати/ки од ранливи категории (ученици кои живеат во рурални средини, припадници на различни етнички групи, деца од семејства со пониски приходи, итн.)

Сите заинтересирани ученици, може да се пријават на веб страната на Коалиција СЕГА www.sega.org.mk  најдоцна до 15.08.2016 година. Потенцијалните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју во периодот 15.08.-01.09.2016 година.

Доколку имате прашања или потреба од дополнителни информации

обратете се кај одговорниот наставник Ристе Матаков или на е-маил aplikacija@sega.org.mk.

Со пригодна свеченост, основното училиште „Тошо Велков – Пепето“ од Кавадарци го одбележа својот патронен празник.

13230333_568058256702056_2280764527991679264_n

Со пригодна свеченост, основното училиште „Тошо Велков – Пепето“ од Кавадарци го одбележа својот патронен празник.

Празнувањето започна со положување на цвеќе на бистата на Тошо Велков – Пепето лоцирана во Алејата на славните, меѓу кои и од страна на директорката на училиштето Ѓурѓица Алексова, вработените, учениците и претставниците од Локалната самоуправа.

Прославата на патрониот празник продолжи во училишниот хол каде беше организирана и културно-уметничка програма на која беа прогласени и првенците на генерацијата за учебната 2015/2016 год. Првенците Елена Спирова, Стефанија Николова и Ненад Петрески им се обратија на сите присутни, заблагодарувајќи им се пред се на своите наставници за несебичното споделување на своето знаење. За постигнатиот успех, на тројцата ученици директорката Алексова им врачи пригодни подароци нагласувајќи дека се гордеат со нивниот успех, и дека тоа е само уште еден поттик за продолжување кон успехот.

Фондот на талентирани ученици кој во училиштето постои веќе две години и во кој членуваат претставници на бизнис секторот, меѓу кои и од компаниите „Кожувчанка“, „МИ Комерц“ и „Фото Фуџи“ и оваа година ги наградија најдобрите и најталентираните ученици. Првенците беа наградени со таблети, а не беа заборавени и другите талентирани ученици кои исто така добија пригодни награди.

Дел од активностите во нашето училиште по повод 22-ри Април –Денот на планетата Земја ,садење на семиња од проектот Садница +,еко перформанси на Градскиот плоштад и делење на флаери за заштита на шумите и околината на Градскиот пазар во соработка со Еколошкото друштво Еко живот.

13043246_556645894509959_2114687976182496148_n

По повод Денот на шегата-1 Април денеска се одржа традиционалната „Априлијада“. Децата од нашето училиште продефилираа во шарени костими и маски со ликови од бајките и цртаните филмови, кои ги изработија во соработка со своите наставници и родители.Голема благодарност и до Директорката Ѓурѓица Алексова која даде свој придонес за одржување на денешната весела и шарена манифестација, посветена на Денот на шегата.

12928385_547911988716683_8271420245475089990_n