Со насмевка на лицето ,со широко отворено раце кон пролетното сонце преку креативни цртежи ,игра и песна го прославивме доаѓањето на пролетта!!!
Category Archives: Uncategorized
Светски ден на оралното здравје
Денес е Светски ден на оралното здравје, посветен на подигнување на свеста кај луѓето низ целиот свет, за поголема грижа на оралното здравје и важноста на оралната хигиена. За да ги поттикнаме и нашите ученици да водат поголема грижа за своите заби и оралното здравје, а со тоа да имаат и посреќен живот, беа во посета на стоматолошката ординација „Ал – дент“.
Светскиот ден на раскажувањето приказни
Пред многу години (во 1991 година) во една далечна земја (Шведска), на 20-ти март, денот на рамноденицата и денот кога настапува пролетта, за прв пат беше одбележан денот на слушањето и раскажувањето приказни. Целта на Светскиот ден на раскажувањето приказни е да се прослави усното раскажување на приказни и преданија. За таа цел, на 20 март, насекаде во светот луѓето слушаат и раскажуваат приказни. И во нашето училиште на малите првачиња денес им раскажувавме приказни и разговаравме за нивните најомилени ликови.
Ден на пролетта-Ден на екологијата
Меѓународниот натпревар по математика „Кенгур
Радост Среќа Возбуда
Во продолжен престој ја започнавме традицијата делење на погачка со паричка,негување на верските обичаи.Кај децата предизвика радост,среќа,возбуда и нетрпение да се дознае најсреќниот.Оваа година паричката се падна кај Илина,Ние ти посакуваме во твоето срце секогаш љубов да има,желби за добро здравје,радост и успех во учењето.
Весели, насмеани, разиграни, распеани
ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА
ПРЕКРАСНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ
Второто полугодие за децата од продолжен престој започна со прекрасно изненадување – нови шкафчиња за весели детски насмевки.
Фондот за надарени ученици формиран од страна на Директорката на училиштето во кој се вклучени преставници од бизнис секторот, родители во училиштето, оваа година помогна во остварување на приоритетната цел – училиште по европски стандарди. Голема благодарност до Директорот на СЛОГА ПРОМ – Кавадарци и Виктори дизајн кои ја овозможија нивната изработка. Сега учениците кои се во продолжен престој ќе можат до крајот на неделата да ги остават своите ташни и школски прибор во новите шкафчиња.
Среќен почеток драги наши ученици!











